Познатата холивудска актерка доби мед од Атиџе: “Најслаткиот подарок и длабока приказна”

Точка

14/02/2020

19:38

4.547

Големина на фонт

а а а

Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис објави фотографија на својот Инстаграм профил која ја израдува македонската јавност.

На фотографијата стои тегла со мед и украсна кутија со знакот на “Медена земја”, а во описот Џејми напишала: 

“Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам “половина за мене, половина за нив”. Во овој случај кои се моите “нив”? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале “Медена земја”, ве поттикнувам да го направите тоа”.

Инаку, Кертис претходно го изрази своето воодушевување од “Медена земја” на социјалните мрежи, опишувајќи го како “зачудувачки филм”.

“Колку совршен момент за овој филм. “Медена земја” е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум” објави Ли Кертис на Твитер.

##https://twitter.com/jamieleecurtis/status/1218384707064217601?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг