Пејачот не застанува: Уште една тетоважа, и тоа на лицето

Супермен

14/02/2020

19:20

1.658

Големина на фонт

а а а

Тетоважите на лицето се веќе некое време популарни, па и пејачот Крис Браун одлучил на своето лице да отслика уште една тетоважа.

Ганга е тату мајстор кој ја направил најновата тетоважа на пејачот и веднаш ја споделил на Инстаграм. 

"Вечерва имаше уште тетоважи за мојот брат, ова е "џорданката" која само што ја нацртав", напишал тој. Крис Браун на своето тело има толку тетоважи што во студиото каде воглавно ги прави велат дека одамна престанале да пресметуваат колку мастило има пејачот на себе.

Иако тој веќе неколку пати рекол дека едноставно сака тетоважи, што многумина разбираат, се појавуваат и критики затоа што тетоважите се почесто се гледаат на лицата на луѓето.

Се верува дека овој тренд помеѓу раперите го започнале Крис Браун, Пост Малоун и Лил Вејн.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk