Колку девојки има Стјепан Хаусер? Го честита Денот на вљубените со реченица која не сака да ја слушне ниедна жена

Точка

14/02/2020

18:32

3.980

Големина на фонт

а а а

Стјепан Хаусер често на социјалните мрежи сака да се претставува како голем заводник, а приликата за шармирање на многу обожавателки не ја пропуштил ниту за Денот на вљубените, па, со фотографии на кои држи црвена ружа - посака честит Ден на вљубените.

„На сите мои девојки ширум светот им посакувам честит Ден на вљубените“, напишал на социјалните мрежи и им испратил бакнеж. Но, изгледа дека не размислил за тоа дека ниедна жена не сака кога јавно ѝ се дава до знаење дека е една од многуте.

Неговите обожаватели различно реагирале на оваа објава. Некои му се заблагодариле и му возвратиле на честитката, а други се запрашале колку девојки има тој.

Музичарот засега не откри за кого е ружата на фотографиите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг