Лејди Гага се венчала по 14 дена врска? Пријател на пејачката открил детали од церемонијата

Точка

14/02/2020

17:53

2.548

Големина на фонт

а а а

33-годишната пејачка Лејди Гага наводно се венчала во тајност со својот избраник, Мајкл Полански, по само две недели врска.

Тајната венчавка ја потврдил извор близок до пејачката кој рекол дека церемонијата била боженствена и дека сите присутни уживале во неа. 

Мајкл наводно ѝ подарил прстен на пејачката, а само неколку часа подоцна тие двајца го изговориле судбоносното “да” на скапоцена јахта. Гага за кратко време ја освоил, сега веќе нејзиниот сопруг. Извор близок до парот открил и дека тие се спремни за проширување на семејството.


Имено, Лејди Гага наводно доживеала просветлување кога паднала од сцената во текот на концертот во Лас Вегас.

“Многу ја погодија емоциите откако направи рендген на целото тело. Има сè што ќе посака, но ѝ недостасува некој на кој би можела да го остави сето тоа. Спремна е и да посвои дете, а размислува и за сурогат мајка. Таа доаѓа од силно и стабилно семејство и мајчинството е работа која отсекогаш го посакува”, тврди изворот.

Инаку Полански е поранешен инвеститор, моментално работи како извршен директор на фабриката “Parker Group”, а дипломирал на Харвард.

За потсетување, Гага пред Мајкл беше верена со агентот Кристијан Карино, а кога се разделија се зборуваше дека причината за прекинот на врската е актерот Бредли Купер со кој пејачката го сними филмот “A Star Is Born”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг