Природен афродизијак! Зголемете го либидото за Денот на вљубените со помош на овие намирници

Кармин

14/02/2020

17:39

5.653

Големина на фонт

а а а

Зачинете го вашиот сексуален живот... Доколку сакате малку да ги зачините и вашите љубовни игри во спалната соба тогаш прво започнете од кујната, поточно од храната која позитивно влијае на вашето либидо и ја зголемува плодноста.

Стрес, секојдневна нервоза како и недостаток на време за сите обврски во текот на денот секако дека влијаат негативно на вашиот сексуален живот.

Експертите ширум светот предупредија на овој голем проблем и тврдат дека подеднакво се загрозени и жените и мажите - односно и двата пола често имаат проблеми со своето либидо.

Ова се намирниците кои можат да го зголемат вашето либидо:

Морска риба

Најдобар извор на масни киселини кои се важни за создавање “сексуални хормони“.


Чоколадо

Чоколадото, особено црното, има соодветно релаксирачко дејство, но во исто време го поттикнува сексуалниот нагон.

Mед

Медот исто така е докажан афродизијак, особено доколку се помеша со јаткасти плодови какви што се оревите.


Школки

Школките уште од минатото се сметаат за афродизијак затоа што содржат голема количина допамин, хормонот кој го зголемува либидото.

Банана

Таа содржи алкалоид буфотенини како и витамин B6 кој стимулативно делува на расположението и сексуалната желба.

Семки од тиква

Тие се богати со цинк кој го регулира лачењето на тестостерони.

Лук

Тој во себе има алицин кој го подобрува протокот на крвта кон половите органи. Истата улога ја има и ѓумбирот кој се користи како зачин и од него може да се подготви чај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk