Независните до Милошоски: Ослободете го ВМРО-ДПМНЕ и напуштете ја партијата

Макфакс

14/02/2020

15:52

1.852

Големина на фонт

а а а

Би сакала да ја потсетам јавноста, дека СЈО го избравте токму вие и овде славевте и скокавте. Вие баравте бомбите да бидат само индиции. Уште во март ова го баравте, цела година преговарате, рече пратеничката Нола Исмајлоска Старова, обраќајќи му се на пратеникот Милошоски.

Милошоски претходно порача дека пратениците под уцени и закани гласале за уставните промени, а истото власта го правела и сега со носењето на Законот за ЈО.

„Кога гласаа за промена на уставот им се закануваа со затвори по 15 години, ги носеа како компири, ги уценуваа, ги плашеа. Доаѓаа со жилави раце од лисици за да гласаат во оваа Собрание. Нека е честита коалицијата на СДСМ и Крсто Мукоски“, рече Милошоски.

Пратеничката Александрова пак го обвини Милошоски дека ја уништиле партијата и дека оваа битка за да не се донесе законот за ЈО ја воделе преку партијата со намера да не излезат пред лицето на правдата.

„Со кое право вие ја уништувате партијата, колега Милошоски слушнавме во бомбите дека вие сте тој што ужива привилегии. Заради вас, луѓето заминаа во затвор. Милошоски напуштете ја партијата, ја уништивте, ослободете ја. Ја претворивте партијата во битка за вашите лични интереси“, рече Александрова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг