Тесла на вондреден сервис ќе повика сопственици на околу 15 илјади електрични возила "Model X" поради можни проблеми со серво управувачот кој може да откаже и да го отежне управувањето на возилото при завртување, зголемувајќи го ризикот од судири.
Како што пренесува американски "NHTSA", проблемот се однесува на алуминиумските завртки кои го прицврстуваат електричниот серво управувачки механизам, кои можеле да корозираат и да се скршат.
Доколку се случи тоа, тогаш ќе има целосно губење на асистенцијата на серво управувачот кај некои модели на "Model X".
Од "NHTSA" наведоа дека досега не се пријавени судири или повреди поврзани со овој потенцијален недостаток.
Со отповикувањето се опфатени 14,193 "Model X" во Соединетите Американски Држави и уште 843 во Канада, сите произведени во 2016-та година.