Младите манекенки доживеале пораз: Кралицата на модата докажала дека е број 1 и во 53-та година од животот

Точка

14/02/2020

15:26

4.020

Големина на фонт

а а а

Факт е дека модата мора да се менува, но дека работите претходно во манекенството биле многу подобри од денес, докажала таа – кралица на модата!

53-годишната Синди Крафорд е ѕвезда на новата кампања на модната куќа од Њујорк, “Jones”. На фотографиите, Синди е моќна и заводлива, а освен што покажала дека и за жените во педесеттите години има место во светската мода, докажала и дека нејзината позиција во модната индустрија никогаш не била ни “разнишана”. 


Познатата Крафорд во 90-тите беше кралица на модните писти, а заедно со дизајнерите и фотографите поставуваше стандарди во модната индустрија. Но, таа доминира и сега во 2020 година.


Многумина велат дека на Синди можат единствено да ѝ парираат останатите супермодели од 90-тите како Наоми Кембел, Хелена Кристенсен, Линда Еванџелиста и многу други. И секоја од нив, колку и да е променета, може и денес да се занимава со манекенство и да биде успешна во тоа.

Причината се крие во нивната природна убавина која ја одржуваат и во подоцнежните години. Добро е тоа што денешната мода стана порамноправна за различните типови на женска убавица, но не е добар фактот што на нејзино чело се модели со вештачка убавина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг