Енрике Иглесиас и поранешната тенисерка Ана Курникова станаа родители на преслатко девојче. Иако веќе со денови се шпекулираше дека пејачот го добил третото дете, дури сега стигна официјалната потврда.
Николас и Луси добија мала сестричка!
„Енрике и Ана го добија своето трето дете на 30-ти јануари“, објавил Енрике на својот Инстаграм профил.
Енрике исто така на својот Инстаграм профил објавил фотографија на која неговата ќерка ја држи, а насмеаната Ана објавила две фотографии, една на која новороденчето лежи на неа додека Енрике ѝ го бакнува челото и друга на која е сама со нејзината ќерка.