Британската музичка ѕвезда Адел потполно се трансформираше во последните две години. Повеќекратната добитничка на Еми наградата и сопственичка на три албуми кои се продадени во над 80 милиони примероци била фотографирана во Лос Анџелес во близина на својот дом.
Адел откако стана мајка на синот Анџело изјавила дека ги оставила цигарите бидејќи сака да има поквалитетен и поздрав живот.
“Не би сакала мојот син да има мајка која утре ќе заболи од канцер и ќе мора да води грижа за неа”, изјавила пејачката во емисијата на водителката Елен Деџенерис.
Покрај никотинот, Адел се откажала и од брзата храна и се посветила на здравиот начин на живот. Таа по разводот се посветила на вежбањето, а извори блиски до Адел велат дека ослабнала 30 килограми.
Нутриционистката Камила Гудис открила дека губењето на килограмите е последица на строга диета позната како “зелен сок и 1000 калории дневно”.
Како што објаснила Камила, Адел долго време се чувствувала лошо и знаела дека мора да ги промени животните навики, помеѓу останатото физички да се активира и да го промени начинот на исхрана.
На социјалните мрежи, фановите пишуваат дека не можат да ја препознаат.
“Мислам дека ни нејзиното дете не може да ја препознае”, “Сега е официјално слаба кралица со најдобар глас”, “Потполно друга жена”, “Еве што ви прави разводот”, се само дел од коментарите.