Идентични: Можете ли да погодите од фотографијата која е Џенифер Анистон, а која Кортни Кокс?

Кармин

14/02/2020

13:13

2.650

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон на 11-ти февруари го прослави 51-от роденден.

Убави честитки ѝ испратиле многу холивудски ѕвезди, а меѓу нив биле и колегите од серијата „Пријатели“.

Една од оригиналните честитки ја имала Кортни Кокс, која го играше ликот Моника Гелер во познатиот ситком.

Имено, таа објавила нивна заедничка фотографија, а на неа изгледаат речиси идентично, како да се близначки.

„Колку и да се обидувам... една е Џенифер Анистон. Среќен роденден пријателке. Те сакам“, напишала Кортни Кокс.

Еве ја и фотографијата, а вие погодете која овде е Џенифер, а која Кортни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk