Познатата пејачка е мртва со години! Тогаш кого го гледаме? Ова е најстрашната тајна на музичката индустрија

Точка

14/02/2020

20:57

14.486

Големина на фонт

а а а

Теориите на заговор за смртта на популарната пејачка повторно се актуелизираат.

Тврдењето на теоретичарите на заговор дека канадската пејачка Аврил Лавин починала многу брзо после издавањето на својот прв албум во 2002-ра година - повторно стана актуелни на социјалните мрежи.

Имено, според нивната веќе позната верзија, Аврил после смртта ја заменила нејзината двојничка, актерката Мелиса Вандел, а обожавателите на пејачката веруваат дека деталите за својата смрт ги оставила во некои од своите песни.

Теоријата вели дека Аврил после “брзиот“ успех паднала во депресија, а во тоа време починал и дедо ѝ, па целата ситуација тешко ја поднела. Наводно била пронајдена мртва во својот стан, а сите детали биле сокриени.

Теоретичарите како доказ за своите тврдења ја истакнуваат промената во нејзиниот имиџ, откако го издала вториот албум во 2004-та година и од тинејџерска бунтовничка станала поп пејачка. Ѝ замериле за тоа што се откажала од рок елементите во својата музика и почнала да се облекува женствено.

Откако теоријата се проширила, како нови докази биле истакнати нејзините лузни, тетоважи и дамки на кожата кои исто така се промениле, како и обликот на носот и вилицата.

Иако до сите овие промени може да дојде после операција, контуририрање и поинакво светло, фановите на пејачката се сигурни дека тоа се показатели дека нивните тврдења се вистински, а социјалните мрежи во последнит денови повторно се преполни од коментари на оваа тема. 

Пејачката нема коментар за целата оваа приказна, но некои медиумски извори наведуваат дека сите овие коментари дури и ја забавуваат.

Таа не е единствена за чиј живот постојат теории на заговор. Тука се и Гучи Мејн, Пол Мекартни, па дури и Бијонсе. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг