Гигантот за пет минути изгуби 17 милијарди долари

Точка

14/02/2020

11:49

2.903

Големина на фонт

а а а

Акциите на Microsoft вчера паднале откако сојузниот судија наредил привремено сопирање на договорот JED кој Пентагон ѝ го доделил на компанијата минатата година.

По падот на вредноста на акциите, технолошкиот гигант за само пет минути изгубил 17 милијарди долари од пазарната вредност. 

Пазарната вредност на Microsoft сега е околу 1,4 билиони долари, покажуваат податоците на Блумберг.

Тоа е третата највредна компанија на светот зад Apple и Saudi Aramka, кои вредат 1,43 и 1,77 билиони.

Судот ја донел одлуката откако компанијата Amazon минатата недела поднела барање Министерството за одбрана да го поништи договорот вреден 10 милијарди долари наречен "Проект за заедничка одбранбена инфраструктура" или "JEDI".

Целта на проектот е да се изгради простор, таканаречен "cloud" за складирање и управување со чувствителни воени и одбранбени податоци.

Пентагон овој проект му го доделил на Microsoft и со тоа од игра го исфрлил Amazon кој се сметал за фаворит. По губењето, Amazon се обидел да ја оспори одлуката, обвинувајќи го Пентагон за пристрасност.

Судот донел одлука за привремено сопирање на доделувањето на проектот, додека правната битка на џиновите за овој договор продолжува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг