На крузерот кој беше одбиен од 5 држави нема заразени: Поради коронавирусот бродот беше претворен во пловечки карантин

Точка

14/02/2020

11:00

617

Големина на фонт

а а а

Патниците на крузерот „Вестердам“ кој две недели помина на море откако пет земји не му одобрија пристап на нивните пристаништа поради страв од ширење на коронавирусот, денес започнаа да го напуштаат пловилото.

Крузерот со 1,455 патници и 802 членови на екипажот пристигна на пристаништето Сиханоквиле во Камоџа. Откако бродот пристигна на пристаништето, медицински екипи веднаш извршија прегледи на патниците кои имале симптоми слични на грип.

Меѓутоа, како што соопштија од Министерството за здравство на таа земја, тестовите покажале дека никој на крузерот не бил заразен од смртоносниот коронавирус.

По објавувањето на резултатите, властите на Камбоџа им дозволија на луѓето да го напуштат крузерот, соопшти компанијата Holland America Line која оперира со крузерот.


Крузерот го започнал своето патување минатиот месец во Сингапур, а последен пат го посети пристаништето во Хонгконг каде што беа потврдени 50 случаи на заразени од коронавирусот.

Крузерот „Вестердам“ беше одбиен од Тајланд, Филипини, Тајван, Јапонија и Гуам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг