Тензиите растат: Шлаканица за Ердоган од Асад - Сиријците го признаа геноцидот над Ерменците!

Точка

14/02/2020

10:44

2.356

Големина на фонт

а а а

Сирискиот парламент и официјално го призна како геноцид масакрот над Ерменците за време и по Првата светска војна во Турција додека растат тензиите помеѓу двете земји на северозападот на Сирија.

„Парламентот го осудува и го признава геноцидот кој го направи Отоманската империја на почетокот на 20-тиот век над Ерменците“, стои во соопштението на кое остро реагираа турските власти.

„Тоа е лицемерен чин на еден режим кој со години врши секакви видови на масакри над сопствениот народ предизвикувајќи раселување на неколку милиони луѓе. Тој режим е познат по употребата на хемиско оружје“, соопштија од Министерството за надворешни работи на Турција.


Историчарите проценуваат дека околу 1,5 милиони Ерменци биле убиени во периодот пред и по Првата светска војна и според многумин тоа е првиот геноцид во 20-тиот век.

Турските власти одбиваат да признаат дека се одговорни за страшниот геноцид, истакнувајќи дека бројот на настрадани е преувеличуван и дека станува збор за жртви од граѓанската војна, иако историските факти говорат нешто сосема поинакво - систематско уништување на христијанскиот народ.

Не пропуштајте: Ерменскиот холокауст: Османлискиот геноцид на првиот христијански народ за кој светот упорно молчи


Да потсетиме, односите помеѓу Турција и Сирија драстично се влошија откако турската армија спротивно на сите меѓународни закони изврши агресија и упадна на сириска територија, а исто така се уште ги поддржува про-турските терористи во Идлиб - единствената провинција во Сирија каде се уште се водат борби.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија „секаде“ ќе ја напаѓа сириската армија во случај на нови напади на турските позиции во Идлиб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг