Сириската против-воздушна одбрана наводно пресретнала неколку ракети над Дамаск кои биле лансирани од пределот на Голанската висорамнина која е под контрола на Израел.
На снимките може да се види како трае ноќната пресметка помеѓу против-воздушната одбрана на сириската армија и израелското воено воздухопловство чии авиони често ги лансираат ракетите без притоа да навлезат во сирискиот воздушен простор.
Syrian air defense active over #Damascus. #Israel pic.twitter.com/mvUn8EHpo2
— Joe Truzman (@JoeTruzman) February 13, 2020
Во сирскиот главен град Дамаск нешто пред полноќ се слушнаа првите експлозии во кои е причинета голема материјална штета.
Како што пренесуваат сириските медиуми, некои ракети ги погодиле своите мети, а во нападите нема жртви.