Луѓето гледаат во неверување: Никој не може да погоди која е мајката, а која ќерката – можете ли вие?

Кармин

13/02/2020

19:24

4.241

Големина на фонт

а а а

43-годишната Џолин Дијаз од Калифорнија станала ѕвезда преку ноќ благодарение на својот Инстаграм профил каде редовно објавува фотографии од својот живот.

На поголемиот дел од фотографиите се наоѓа и нејзината 19-годишна ќерка Мелани Паркс, а тие две станале ѕвезди бидејќи повеќе изгледаат како сестри отколку како мајка и ќерка. 

Приказната стигнала и до “Daily Mail” за кој Џолин открила дека е самохрана мајка, а својот младешки изглед го должи на “чистиот” животен стил.

“Секогаш се трудам да бидам активна и да живеам здраво. Избегнувам алкохол, јадам балансирана храна и многу одмарам. Фокусирана сум и на негата на кожа, интензивно ја негувам од својата 12-та година”, открила Дијаз.

Бидејќи нејзината рутина е видливо успешна, истата ја презела и Мелани која исто така започнала да се негува на 12-годишна возраст.

“Се трудам да не размислувам премногу за минатото и да не се плашам за иднината”, вели Џолин додавајќи дека, иако изгледа како другарка на Мелани, не излегува со неа по клубови туку останува дома и се опушта со топол чај.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk