Алфа Ромео останува без Џулиета?

Точка

13/02/2020

17:45

2.650

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот производител се чини дека после 10 години ќе престане да го произведува својот компакетен хечбек.

Оваа вест за стопирањето на производството на автомобилот кој се произведува цела деценија ја пренесоа повеќе италијански медиуми, но засега нема официјална потврда од Алфа Ромео.

Производството на Џулиета моментално во фабриката Казино било намалено од 70 на 40 автомобили на ден поради намалената побарувачка.


Се претпоставува дека со гасењето на производството на Џулиета, групацијата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) има намера да ослободи капацитети за некои други модели, најверојатно за џипот на Масерати кој ќе зазема позиција под моделот Леванте.

И додека иднината на Џулиета е магловита, Алфа Ромео и натаму има проблеми со продажбата на своите автомобили. Практично со само два модели во понудата, Алфа Ромео не може да смета на помасовна продаба, а исто така наследникот на Џулиета засега не е на повидок.


Според италијанските медиуми, од Алфа Ромео моментално најмногу се фокусирани на развојот на новиот џип кој ќе се базира на познатиот концепт Тонале. Токму тоа ќе биде првиот следен модел на Алфа Ромео.

Инаку, Алфа Ромео Џулиета беше лансирана во 2010-та година, а досега претрпи две редизајнирања, како и мало „освежување“ во 2019-та година. Сепак, понатамошно освежување не е возможно затоа што сепак станува збор за веќе застарен модел во ера кога генерациите на автомобили во просек се менуваат на секои шест години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг