Познатата убавица преку фотографија проговорела за сè низ кое проаѓаат жените по раѓањето

Кармин

13/02/2020

14:51

2.864

Големина на фонт

а а а

Ешли Греам кон средината на јануари го роди своето прво дете – синот Ајзак, а таа и по породувањето решила отворено да зборува за предизвиците кои со себе ги носи бременоста, односно постпородилната состојба.

Ешли овој пат објавила прва фотографија од своето тело по породувањето со која отворено ги повикала жените да зборуваат за закрепнувањето по раѓањето на детето. 

Плус сајз манекенката позирала во црна памучна маичка и сиви боксерки, а со фотографијата приложила и детален опис за своето секојдневие откако добила дете.

“Крени рака ако не знаеше дека ќе ги менуваш и своите пелени. По сите овие години во модата никогаш не би претпоставила дека еднократниот долен веш ќе биде моето омилено парче облека, но еве нè. Никој не зборува за закрепнувањето и лекувањето низ кое поминуваат новопечените мајки. Сакав да ви покажам дека не е сè виножито и пеперутки. Дефинитивно беше многу тешко, но имав искрени разговори со пријателките кои ми испратија работи кои ми го спасија животот. Неверојатни се предрасудите со кои и понатаму се соочуваме кога зборуваме за тоа низ што проаѓаме”, напишала Ешли и ја пофалила линијата на производи за новопечени мајки, со акцент на шишенцето кое помага при испирање на интимните делови од телото.

31-годишната убавица минатата недела ја објави и првата фотографија од својот син и тоа додека го дои покрај сопругот Џастин.

“Имам многу причини за да бидам благодарна, на својата љубов и поддршка која ја добивам од оваа заедница, на неверојатниот сопруг, на прекрасното бебе кое ми ги отвори очите и ми покажа колку е светот навистина прекрасен”, напишала Греам покрај фотографијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk