Статуетка Оскар, старки и бургери: За оваа фотографија на славниот пар зборува целиот свет

Супермен

13/02/2020

14:35

3.492

Големина на фонт

а а а

Актерот Хоакин Феникс во неделата освои Оскар за главна машка улога за филмот “Joker”, но за фотографијата која била направена по неговата победа и официјалната церемонија зборува целиот свет.

Феникс и неговата вереничка, актерката Руни Мара, биле фотографирани како седат на скали и јадат бургери. Убавата актерка ги заменила високите потпетици со старки, а помеѓу гладните уметници стоела и освоената статуетка. 

Победата, Феникс и Мара ја прославиле со вегански бургери, со оглед дека и двајцата се борат против користење на храна од животинско потекло. Феникс е заслужен за тоа што оваа година, по доделувањето на Златните глобуси (награда која исто така ја освои), се служела и вечера базирана исклучиво на растително мени, а својот веганизам го споменал и на Оскарите.

“Мислам дека се одвоивме од природата, дека сме виновни за егоцентричноста на нашиот свет. Ние излегуваме во природата и ги уништуваме нејзините ресурси. Чувствуваме дека имаме право да оплодиме крава по вештачки пат, а потоа ѝ го одземаме нејзиното бебе иако нејзините крици никого не можат да прелажат. Потоа го земаме нејзиното млеко кое е наменето за младенчето и го ставаме во своето кафе”, изјавил актерот.

Наводно, по доделувањето на Оскарите, на Хоакин му бил понуден бургер од говедско месо, по што тој му покажал картичка на келнерот на која пишувало: “Бидете вегани, тоа не е привремена мода, тоа е иднина”, пренесуваат порталите кои го заговараат овој стил на живот.

Иако многумина останале разнежнети од фотографијата на која славниот актер и неговата партнерка делуваат како “обични луѓе”, толку скромно и едноставно, многумина се запрашале колку маркетинг има во сето тоа?

Острото око на фановите не го пропуштиле детаљот дека станува збор за бургери од “Monty’s Good”, вегански ресторан во Лос Анџелес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk