Претставени дресовите за Ол-Стар натпреварувањето кои ќе бидат во чест на Коби и Џиана

Дерби

13/02/2020

12:36

1.676

Големина на фонт

а а а

Од НБА ги објавија дресовите со кои ќе настапат тимовите предводени од Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо на Ол- Стар натпреварот кој на програмата е овој викенд.

Од раководството на американската кошаркарска лига се одлучија со овие дресови да оддадат почит на трагично загинатите Коби Брајант и Џиана Брајант кои ги загубија животите во хеликоптерска несреќа на крајот на јануари.

Така, тимот кој е предводен од Јанис Адетокумбо на грбот ќе има број 24 во спомен на Коби Брајант, додека тимот на Леброн ќе ја носи „двојката“ која беше заштитен знак на Џана Брајант во академијата „Мамба“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг