Нов ѕвер од Британија: Ова е новиот Aston Martin Vantage Roadster

Точка

12/02/2020

16:05

1.986

Големина на фонт

а а а

Новиот Aston Martin со отворен покрив ќе блесне во полн сјај во март на Саемот за автомобили во Женева.

Vantage Roadster конечно пристигнува, неколку години после купе верзијата. Автомобилот има склопив платнен покрив кој се спушта за само 6,7 секунди кога возилото мирува, или за 6,8 секунди при возење при што брзината не смее да надмине 50 километри на час.

Од британскиот производител се пофалија дека тоа го прави автомобил со најбрзо склопив автоматски платнен покрив во автомобилската индустрија.


Благодарение на лесните компоненти кои го сочинуваат механизмот на подвижниот покрив, Vantage Roadster е потежок за само 60 килограми од моделот со цврст покрив. Како погон е употребен истиот 4.0 V8 twin-turbo мотор кој го има и Vantage Coupe.

Станува збор за машина на AMG со 510 коњски сили, додека максималниот обртен момент изнесува 685 Nm.


Моторот доаѓа во комбинација со 8-брзински ZF автоматик кој ја пренесува силата на задните тркала на автомобилот. Со тоа, Vantage Roadster од 0 до 100 километри на час забрзува за 3,7 секунди, што е за само 0,2 секунди во споредба со Coupe верзијата. Максималната брзина изнесува 306 километри на час.




Спонзорирани линкови

Маркетинг