Впечатливи бои, панделки, тил, волуменозни ракави...: Оваа модна ревија нѝ ја врати љубовта кон отмениот женствен стил

Кармин

12/02/2020

15:35

2.022

Големина на фонт

а а а

Започна модната недела во Њујорк, а покрај тоа што многумина тврдат дека не е повеќе толку возбудлива како порано поради огромниот број на луксузни брендови кои се повлекле од истата, таа и понатаму привлекува голем интерес.

Во понеделникот беше одржана ревијата на брендот “Каролина Херера” за есен/зима 2020 година, а сосема е јасно дека боите се главната инспирација за креативниот директор Вес Гордон. 

Гордон понудил силни, впечатливи нијанси – жолта, портокалова, сина, розова и зелена, но не заборавил ни на класичните бои – црната и белата. Овој дизајнер се држел до едноставните линии со женствени луксузни детали како волуменозни ракави, големи панделки и материјали кои паѓаат како драперија.


“Жената на “Каролина Херера” е одважна, шарена, таа е центарот на секоја забава, никогаш не бара гардероба со која ќе се претопи во околината. Често велам дека во сивиот врнежлив ден, кога сите се облечени во црни капути, жената на “Каролина Херера” блеска во розова боја”, изјавил Вес.

Во продолжение, погледнете ги моделите од оваа одлична модна ревија:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk