Повеќе нема да го нарекуваме коронавирус: Научниците му дадоа ново име

Точка

11/02/2020

18:01

2.576

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот со кој се заразени над 43.100, а од кој починаа над 1.000 луѓе доби ново име - Covid-19.

„CO е ознака за корона, односно 6-от вирус од коронагрупата, D е за болеста (diesease)“ - истакнал Адан Гебрејесус, генералниот директор на Светската здравствена организација на конференцијата во Женева.

„Вистинското име за оваа болест спречува употреба на други неправилни имиња кои ги стигматизираат коронавирусите кои ги има многу повеќе. Меѓу другото, на овој начин попрецизно знаеме за кој корона вирус станува збор точно“.


Вирусот првобитно беше идентификуван како 2019-nCoV. Тедрос вели дека СЗО мора да го нарече по нешто што нема да се однесува на геогравската лоакција, животните или пак индивидуална група на луѓе.

Еднаш кога името ќе се официјализира во заедничка употреба по пат на социјалните мрежи, тешко може да се промени.

На пример, свинскиот грип и MERS (респираторниот синдром на Блискиот Исток) имале ненамерно негативно влијание стигматизирано на одредена заедница или економски сектор, наведуваат од СЗО. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг