“Азискиот Спилберг“: Кој е Бонг Џун Хо, човекот чиј филм освои четири Оскари и влезе во историјата...

Супермен

11/02/2020

12:13

3.960

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејскиот режисер и сценарист Бонг Џун Хо, кој претходната година доби некои од најголемите филмски награди, својот успех за филмот „Паразит“ овојпат го круниса со дури четири оскари.

Неговиот „Паразит“ влезе во историјата како прв филм кој е од неанглиско говорно подрачје, а кој ја освои најпрестижната награда за најдобар филм.

Филмот сатира зборува за поголемиот конфликт помеѓу богатите и сиромашните, претходно беше победник и на фестивалот во Кан, а освои и „Златен глобус“ и две „БАФТА“ награди.

„Ние никогаш не пишуваме за да ја претставиме нашата земја. Но, ова навистина е првиот Оскар за Јужна Кореја. Ви благодарам“ - рече 50-годишниот Бонг.

Потоа, земајаќи ја наградата за најдобар меѓународен филм, се обрати на англиски јазик, предизвикувајќи смеа во публиакта: „Да, подготвен сум да пијам вечерва“.

Станува збор за голем успех не само за јужнокорејскиот филм туку и за светската кинематографија која не е од англиското говорно подрачје.


Роден меѓу уметници, а бил и во затвор

Бонг пораснал во уметничко семејство во Сеул - неговиот дедо бил познат романописец, додека пак неговиот покоен татко и сите негови браќа и сестри биле универзитетски професори во различни области вклучувајќии мода и ликовна уметност.

Тој студирал социологија на Универзитетот Јонсеи, а во текот на студиите учествувал во протестите за движењето за воведување демократија во 1980-те години.

Во една прилика тој за медиумите раскажал дека бил уапсен поради фрлање на молотов коктел за време на демонстрацијата.

Бил дел од првиот бран на филмските создавачи во Јужна Кореја кој процветал по целосната демократизација на земјата.


Еден од најпознатите јужнокорејски режисери

Бонг, кој е познат по мрачните трилери, но и по научно фантастичните филмови и мешањето жанрови, позади себе има низа филмски остварувања кои оствариле успех помеѓу публиката и добиле одлични критики.

Неговиот „Сеќавање на убиството“ од 2003-та година бил направен според вистински настани, односно убиства извршени од сериски убиец, а филмот е оценет како алегорија за репресивното општество под владеење на владата.

Во 2006-та година го снимил блокбастерот „Домаќин“ кој ја прикажувал несособноста на владата која била беспомошна за време на големите катастрофи.

Меѓутоа, тој правел и филмови на англиски јазик, како што се „Мразокршачот“ со Крис Еванс кој ја прикажува дистописката иднина кога настанало новото ледено доба.


Политички и социјален поттекст

Во текот на својата кариера, Бонг често се занимавал со мрачни и тешки теми, вклучувајќи и насилни злодела, климатска криза и системски притисок.

Исто така тој отворено зборувал и за соочувањето со тешката анксиозност во земјата во која менталното здравје повеќе време е табу тема.

„Сите негови филмови се социологија во движење, сите негови филмови имаат политички поттекст“ - рекол Мајкл Харт, социолог од Универзитето во Сеул.

„Малкумина од режисерите можат да го остварат тоа“ - заклучува Харт. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk