Една баба се снимала како прави експеримент со Кока кола и ментол бомбони на Тик Ток, велејќи им на гледачите дека мора да види дали тоа е вистина.
„Знаете.. сум го видела ова неколкупати на различни снимки и не сум сосема сигурна дали е вистина, па само сакам да видам што ќе се случи“, вели постарата жена од снимката која се претставува како баба Сенди.
Бабата потоа земала три бомбони, но откако ја ставила едната, ерупцијата од јаглеродниот дијоксид и Кока колата завршила директно кај неа во лице.
Снимката на Ток Ток собрала речиси 5 милиони прегледи, а предизвикала и бројни реакции на Редит.