На доделувањето на Оскарите се појави и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос.
За време на својот говор, комичарот Крис Рок го забележал во публиката и веднаш го почестил со неколку шеги, кои милијардерот, сподед изразот на лицето, не го воодушевиле.
„Еј, Џеф Безос е тука“, рече Крис, а Стив Мартин, кој беше со него на сцената, одговори: „Одличен актер.“
„Тој има пари. Кога тој ќе напише чек, ја одбиваат банката“, дофрли Крис и предизвика смеа.
Безос сепак не се насмеа така слатко кога комичарот почна да кажува шеги на сметка на неговиот пропаднат брак.
„Џеф Безос е толку богат, што и после разводот остана најбогат човек на светот. Кога го гледал 'Marriage Story' мислел дека тоа е комедија“, продолжил Крис Рок.
Безос се насмеа, како сите останати, но не беше баш воодушевен од шегите на сметка на неговиот развод, а тоа не е за замерување бидејќи тој и поранешната сопруга Мекензи се разведоа во април минатата година, после 25 години брак.