10-годишната актерка си понела сендвич на доделувањето на Оскарите: “Не сакам вегетаријански јадења”

Точка

10/02/2020

19:06

6.741

Големина на фонт

а а а

Храната која се послужува во предворјето на театарот “Долби” е вегетаријанска, односно исклучиво на растителна база, па затоа младата актерка Џулија Батерс се погрижила да не остане гладна...

10-годишната Батерс која глуми во филмот “Once Upon A Time in Hollywood” претпоставила дека нема да се најаде на овогодишното доделување на Оскарите, па со неа си понела мала закуска. Во својата клач чантичка, Џулија носела сендвич од мисиркино месо. 


“Не ми се допаѓа храната тука”, рекла Џулија. За време на самото доделување на наградите не се послужува храна, но Академијата за филмска уметност и наука потврдила дека ќе има храна во предворјето пред церемонијата. Но, менито било вегетаријанско односно исклучиво на растителна база.


Џулија со својата појава во симпатичен розов фустан ги “освоила” фоторепортерите на црвениот тепих, а посебно ги насмеала нејзината одлука да си понесе храна во малата чантичка. Уште пред почетокот на самото доделување, нејзиниот потег стана вирален, а на социјалните мрежи се пишувале објави поврзани за сендвичот.

##https://twitter.com/_aimeelbarnes/status/1226639877325950976?s=20##

10-годишната Џулија се појави во филмот на Квентин Тарантино, рамо до рамо со Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби кои беа номинирани за Оскар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг