После ултраспортскиот џип Audi Q8 RS, од Инглоштад пристигнува најава за уште поатрактивна, "Top Gun" верзија на Audi Q7 RS.
Новиот „Господар на прстените“ чиј 4.0 V8 biturbo мотор развива 600 коњски сили и 800 Nm максимален обртен момент, ќе добие помоќна RS верзија која ќе развива дури 670 коњски сили.
Тоа значи дека новиот Audi Q7 RS со таквиот агрегат, од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за само 3,8 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 306 километри на час.
Ова се прилично респектабилни бројки, посебно кога станува збор за џип. Audi Q7 RS доаѓа со 23-инчни фелни, а инженерите на германскиот автомобилски гигант ќе се погрижат и за подобрена аеродинамика.