Стравични сцени во Кина: Им ги затвораат становите, затрупуваат тунели и патишта за заразените од Корона вирусот да не бегаат

Точка

31/01/2020

22:01

14.178

Големина на фонт

а а а

Пусти улици и градски превоз, празни рафтови во продавниците, блокади на патиштата и роботи кои им носат храна на пациентите се некои од причините кои предизвикаа голема паника во кинеските провинции кои се жариште на Корона вирусот.

Според последните информации, над 200 лица починаа, а околу 8 илјади се заразени од смртоносниот Корона вирус кој продолжува рапидно да се шири ширум земјата и во странство.

За тоа колку граѓаните во провинцијата Хубеи се исплашени најдобро сведочат празните улици, нешто што целосно се коси со сликата на преплавени улици која ја имаме од кинеските милионски градови. Неколку градови се ставени во целосен карантин, па луѓето најчесто не ни излегуваат од дома.

Деновиве големо внимание привлече случајот со еден неодговорен граѓанин кој одбил да биде тестиран, со што предизвикал паника меѓу станарите во зградата каде што живеел. Поради тоа, тие одлучиле целосно да ја блокираат влезната страна од неговиот стан, па на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како со даски неговите соседи ја запечатуваат вратата.

##https://twitter.com/JenniferHYChan/status/1221809585280782336?s=20##

Кинеските власти ја сфатија работата околу карантинот на неколку градови пресериозно, па така на патиштата кои водат кон градовите се поставени разни блокади, од бетонски блокови, огради, па дури и купишта земја со кои се блокираат излезите.

##https://twitter.com/NoticiasVirus/status/1221999084321562624?s=20##

Провинцијата Хубеи која е најголемото жариште на вирусот е практично блокирана, а рафтовите во продавниците во многу градови се целосно испразнети со оглед на тоа што граѓаните се подготвуваат за долг престој во своите домови.

Поради Корона вирусот огромен број на летови се откажани, железничкиот сообраќај исто така е во прекин, а соседна Русија ги затвори границите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг