Популарниот Јутјубер призна дека ја лажирал смртта на неговата девојка - ѝ направил и крст

Точка

29/01/2020

19:21

2.422

Големина на фонт

а а а

Џејсон Етиер, Јутјуберот чиј канал JayStation го следат 5,4 милиони луѓе, признал дека ја лажирал смртта на неговата девојка Алексија Марано.

Етиер признал дека измислил дека Алексија загинала во сообраќајна несреќа, додека ја возел пијан возач, за тие двајца да добијат повеќе претплатници на заедничкиот канал.

Сега вели дека таа сака да му го уништи животот. Откако илјадници негови гледачи се посомневале во вистинитоста на објавата дека девојката загинала, јутјуберот најпосле признал дека сето тоа било измислица и го отстранил видеото во кое зборува дека Алексија е мртва.

Пред неколку часа на Јутјуб објави ново видео на кое зборува лоши работи за Алексија и ја прикажува како љубоморна девојка која сега сака да го уништи.

Да потсетиме, Етиер пред неколку денови објави дека неговата девојка загинала, а со цел да ја измами јавноста ѝ направил и крст и го обележал местото на кое однел цвеќе и сето тоа го снимил.

Бесните гледачи на неговиот Јутјуб канал набрзо заклучиле дека сето тоа е измислица и побарале да се укине каналот на популарниот Јутјубер.

„Јутјуб, кога ќе почнете да го отстранувате ѓубрето како што е JayStation, од вашата платформа? Заработува на смртта на славните и ги исмејува. Сега ја лажираше смртта на неговата девојка поради кликови. Отстранете го овој лик, со него нешто не е во ред“, гласи еден од коментарите, а настанал и хаштаг #banjaystation.



Спонзорирани линкови

Маркетинг