Пријателите за Ванеса Брајант: „Не може да ја заврши реченицата, а да не се расплаче“

Точка

29/01/2020

17:42

6.157

Големина на фонт

а а а

Неутешната Ванеса Брајант се обидува да остане силна после трагичната смрт на својот сопруг Коби и ќерката Џиана, поради трите ќерки кои ги доби во бракот со него.

НБА легендата Коби и Ванеса се венчале во април, 2001-ва година, кога тој имал 22, а таа 18 години. Освен 13-годишната Џиана која загина со татка си, ја имаат и 17-годишната Наталија, 3-годишната Бианка и 7-месечната Капри.

„Многу ѝ е тешко, скршена е, како и целото семејство“, рекол извор за магазинот „People“.

View this post on Instagram

Me and my baby #popupdisney

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Друг извор истакнал дека Ванеса е уништена и дека одвај успева да остане прибрана.

„Не може да заврши реченица, а да не се расплаче, но многу се труди да остане прибрана поради ќерките. Јасно ѝ е дека таа мора да биде посилниот член во семејството“, додал изворот.

Изворот истакнал и дека „и покрај нивните подеми и падови, Коби и Ванеса биле сродни души, а таа верувала дека ќе ѝ биде партнер цел живот“.

„Опркужена е со луѓе кои ја сакаат и кои го сакаа Коби. Има силна поддршка, се потпира и на својата вера. Не е сама во ова, но ќе тагува многу долго“, истакнува изворот.

View this post on Instagram

Mamba and Queen #vacai

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Коби и Ванеса се запознале во 1999-та година, кога тој се обидувал да изгради пејачка кариера, а таа била танчерка. Се вериле 6 месеци подоцна, а во 2001-ва година се венчале. Тогаш Коби веќе ја играл својата 3-та сезона во НБА.

Откако објавил дека се верил, медиумите немилосрдно го следеле, а една редакција употребила хеликоптер за да ја сними Ванеса во дворот на нејзиното средно училиште.

Семејството на Брајан не дошло на нивната венчавка, наводно бидејќи не сакале премлад да стапи во брак, особено не без предбрачен договор.

Кога во 2003-та година се родила нивната прва ќерка Наталија, Коби бил уапсен под сомнеж дека силувал 19-годишна девојка во хотел во Колорадо. После спогодбата, тужбата била повлечена, а за време на конференцијата на која тврдел дека сексот бил доброволен, покрај него седела Ванеса.

„Ти си мојот благослов. Ти си дел од моето срце, воздухот кој го дишам. Ти си најсилната личност која ја знам. Жал ми е што мора да поминуваш низ ова“, ѝ се обратил тогаш пред новинарите.

Ванеса во 2005-та година имала спонтан абортус, а Коби се обвинил себеси.

„Требаше да изградиме семејство, а поради моите грешки и сè што поминавме, го загубивме бебето“, рекол тој. Сепак, една година подоцна се родила Џиана.

Криза во бракот имале и во 2011-та година, кога Ванеса поднела барање за развод, а како причина ги навела големите разлики помеѓу нив. Две години подоцна го повлекла барањето, а во 2016-та година им се родила Бианка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг