На социјалните мрежи кружи снимка од интервенција на пожарникари во Њу Џерси и нивната лекција за возачот кој паркирал покрај хидрантот.
Возилото било паркирано веднаш до хидрантот до кој пожарникарите не можеле да пристапат во текот на пожарот кој избил во еден од станбените блокови. Бидејќи противпожарната единица морала да делува брзо бидејќи пожарот започнал да се шири и кон кровот, тие ги скршиле двата прозорци и го вовлекле цревото за вода низ автомобилот за да го прицврстат на хидрантот.
“Не паркирајте пред хидрантот”, напишале пожарникарите покрај снимката која настанала пред неколку дена и истата е хит на социјалните мрежи.