Нов скандал во Холивуд: Анџелина под дејство на алкохол ѝ се јавила на Џенифер, а нејзината реакција...

Точка

29/01/2020

13:20

6.544

Големина на фонт

а а а

Повеќе од една седмица светот зборува за средбата на Џенифер Анистон и Бред Пит која се случи на 26-то доделување на SAG наградите, а сега кружат информации дека парот наводно уште пред тој настан се смирил, но дека сето тоа го кријат од јавноста.

Освен што странските медиуми се распишуваа за Бред и Џенифер, во фокусот повторно е и поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли за која тврдат дека пијана ѝ се јавила на Џенифер и дека наводно ја предупредила на однесувањето на нејзиниот поранешен сопруг.


Како што пишуваат од магазинот „NW“, Анџелина под дејство на алкохол ѝ се јавила на Џенифер и ѝ оставила нималку пријатна порака на телефонската секретарка:

„Ѝ кажала дека Бред ја изневерува и дека тој никогаш нема да се промени“ - раскажал извор за споменатиот магазин па додал:

„Џенифер не ѝ поверува ниту за момент. Ова не е нивниот прв конфликт и единствено за што Џенифер моментално размислува е колку е жално тоа што децата на Анџелина мора да ја гледаат својата мајка во такво издание“ - заклучил изворот на крај. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг