Веќе се зборува за заминување: Халанд би можел да ја напушти Борусија Дортмунд за доста прифатлива цена

Дерби

29/01/2020

12:48

2.068

Големина на фонт

а а а

Доколку продолжи како што почна (пет гола на два натпревари), играчот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд со сигурност ќе го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Многумина останаа изненадени кога Халанд ги одбра „милионерите“ иако имаше понуда и од Манчестер Јунајтед, но се чини дека направил вистински избор затоа што во договорот со Борусија Дортмунд има една сепцијална клаузула.

Халанд би можел да си замине од Борусија за „само“ 55 милиони фунти, почнувајќи од зимскиот преоден рок следната година.

Доколку некој клуб сака да го донесе Халанд во своите редови на лето ќе треба да ја плати бараната цена од Борусија Дортмунд, но доколку сакаат да ги засилат своите редови за точно една година од сега ќе може да го купат по прифалтива цена од 55 милиони фунти.

Токму оваа клаузула во договорот наводно била пречка помеѓу Раиола и Манчестер Јунајтед, и токму затоа играчот не се преселил на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг