Бред Пит носел ознака со своето име “во случај да не го препознаат”

Точка

29/01/2020

11:56

1.971

Големина на фонт

а а а

56-годишниот Бред Пит е глобално славен и за него знаат дури и оние кои баш и не гледаат филмови, но и покрај тоа, на ручекот приреден вчера за номинираните за Оскар, носел ознака со своето име.

На ознаката пишувало “Бред Пит, споредна улога, ‘Once Upon A Time In Hollywood’”.  


Актерот кој е номиниран за улогата во филмот на Квентин Тарантино “веројатно ја носел таа ознака во случај некој да не го препознае”, се пошегувале британските медиуми.

На ручекот наменет за номинираните за Оскар, кој се одржува секоја година во пресрет на познатата свеченост на доделување на наградите, биле и други ѕвезди како Лора Дерн, Дајен Ворен, Леонардо ди Каприо, Рене Зелвегер, Роберт Де Ниро...


Филмот “Joker” освои 11 номинации за Оскар, а потоа со 10 следуваат “The Irishman”, “1917”, “Once Upon A Time In Hollywood”, а “Little Women”, “Marriage Story”, “Jojo Rabbit” и “Parasite” се номинирани во 6 категории.

Наградите на Американската академија за филмска уметност и наука ќе бидат доделени по 92 пат, на 9-ти февруари во Холивуд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг