Британското кралско семејство има многу правила кои мора да ги почитуваат сите нејзини членови.
Иако некои на прв поглед се можеби застарени, нелогични, членовите на кралското семејство мора да им се придржуваат.
Но за Хари и Меган тоа време е завршено. Меѓу другото, овие 8 правила повеќе не мораат да ги почитуваат.
Од членовите на кралското семејство се очекува да се облекуваат скромно и никогаш претерано лежерно. Но и Меган и Хари сега слободно можат да носат облека која им се допаѓа, а можат да се облекуваат и неформално за било која прилика. Добредојдовте во светот на тренерките.
Членовите на кралското семејство со себе на пат секогаш носат и црна комбинација за облекување, во случај на некоја изненадна смрт, па да мора да присуствуваат на погреб. Ова е прилично паметна идеја, и многу практична, но сепак војводата и војвотката веќе не мора да се пакуваат во склад со тоа.
Ниеден член на кралското семејство не би требало да дава автограми или да прави селфи со фановите. Меѓутоа, сега Хари и Меган се слободни да купат и селфи стик ако сакаат. И нека се подготват за делење на автограми.
Ако член на кралското семејство мора да оди до тоалет за време на јадење, тој тоа не го објавува пред сите на масата. Наместо тоа, тие само велат "извинете" и се повлекуваат. Но сега, Сасекси, ако сакаат, можат и од кров да викнат дека ќе одат до тоалет...иако веројатно тоа не би го направиле.
Како и кај автограмите и селфи фотографиите, кралскиот пар не би требало да ги прегрнува и бакнува своите фанови, пред се поради нивната безбедност. Е сега можат тоа да го прават колку сакаат.
Можеби една од најголемите промени во нивните животи е тоа што принцот Хари и неговата сопруга сега можат да бидат финансиски независни. Можат да заработат сопствен приход и нема да примаат средства од британските даночни обврзници.
Парот ќе ја изгуби титулата Ваше Кралско Височество. Сега ќе бидат само Хари и Меган.
Иако кралското семејство мора да го прифати секој подарок кој го добива, кралицата Елизабета одлучува кој ќе го задржи кој подарок. Ова повеќе не важи за Хари и Меган.