Светот е загрижен за корона вирусот, а во оваа држава владее епидемија на грип: Досега заболени 100.000 луѓе

Точка

29/01/2020

10:03

2.947

Големина на фонт

а а а

Додека светот зборува за корона вирусот, во Австрија владее епидемија на грип, при што веќе 100.000 луѓе се заболени.

"Епидемијата е во полн ек", предупредува специјалистот по социјална медицина Михаел Кунс. 

Бројот на нови заболени од грипот во рок од една недела буквално експлодирал.

Во покраината Тирол бројот на заболени е многу висок и дури две основни училишта морале да бидат затворени, бидејќи повеќе од една третина од децата, во местата Вомпербах и Шенберг, се разболеле.

Само во Виена се забележани 11.100 новозаболени, а на нивно на Австрија бројот е на околу 45.000.

Инаку, во Австрија, на основа на последица од грип во просек годишно умираат околу 1.000 луѓе.

Минатата година бил забележан значаен раст и имало дури 1.400 смртни случаи.


Драматичниот раст на заболување од грипот, според лекарите, ќе трае уште четири недели.

Во посебно тешките години, вкупно 555.000 Австријци заболеле од груп, поради што експертите советуваат вакцинација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг