Изнесува повеќе од 2 милиони долари, а му недостасуваат базен и терен за голф за да биде вистински хотел со 5 ѕвезди

Точка

28/01/2020

20:49

4.017

Големина на фонт

а а а

Луксузниот кампер автобус, производ на соработката на компаниите “Newell” и “Porsche” е продаден во Оклахома за повеќе од 2 милиони долари.

Ваквата огромна сума ја оправдува фактот дека секој центиметар на ова уникатно возило буквално “пука” од луксуз. Автобусот наречен “Newell Coach P50” е долг 13,7 метри и полн со опрема која максимално ќе се “потруди” секој момент поминат во него да им биде најудобен на патниците. 


За почеток, патниците имаат прилика да уживаат во вистинска огромна спална соба и вистинско купатило во кое не изостанува ништо во однос на домашните купатила.


Главната “соба” е доволно голема за во неа да собере продолжен кинг сајз кревет со две ноќни масички, а на собата се надоврзува и пространо купатило во кое се наоѓа туш, стандарден тоалет и сосема доволно простор за комфор.


Внатрешноста на автобусот е опремена со три телевизори, од кои најголемиот е со екран со дијагонала од 55 инчи. Бидејќи и “дневната соба” има можност да се претвори во кревет, сопственикот може слободно да повика гости за преноќување. 


Кујнскиот дел е составен од рерна и плински шпорет за љубителите на кулинарските магии да можат да се чувствуваат како дома.


Во кровот од возилото се монтирани системи за греење и ладење, како и за топла и ладна вода. Од дополнителна опрема, луксузниот автобус поседува и инсталирана маширана за перење и сушење алишта.


Каросеријата на возилото е офабрана со уникатна боја и шема на украсни елементи кои оставаат одличен впечаток.




Спонзорирани линкови

Маркетинг