Од градот кој е жариште на опасниот вирус побегнале половина жители: Улиците се празни, а низ светот се раселиле 5 милиони луѓе

Точка

28/01/2020

21:20

5.232

Големина на фонт

а а а

Речиси половина од жителите на градот Вухан од кој потекнува епидемијата на новиот корона вирус, го напуштија овој голем кинески град пред да биде затворен.

Градоначалникот на Вухан, Жоу Сианванг изјавил дека во Вухан за време на новогодишните празници градот го напуштиле околу 5 милиони луѓе што предизвикало голем страв дека ќе настапи глобална епидемија.


Од вирусот досега починале 106 луѓе, а заразени се над 4.500. Во Вухан живеат околу 11 милиони луѓе, а речиси половина од тоа население го напуштило градот во периодот од 24 денови.

Патниците заминале за Хонг Конг, Тајланд, Сингапур и Јапонија и во другите делови на Кина. Во Кина затворени се дури 17 градови во кои живеат над 50 милиони луѓе.


Во меѓувреме, кинескиот центар за контрола и превенција потврдил дека вирусот потекнува од пазарот за морска храна “Хуанан“ во Вухан каде што се продаваат животни, вклучувајќи и млади волци, лисици, глувци и пауни.


„Дури 31 од вкупно 33 примероци позитивни на овој вирус се собрани од западниот дел на овој пазар каде што се одвива трговија со диви животни. Овој резултат укажува дека епидемијата на новиот корона вирус е тесно поврзана со трговијата на дивите животни“ - навеле од Центарот во соопштение.


Продажбата на диви животни од вчера е привремено забранета. Вчера Монголија ја затвори границата со Кина, а Малезија објавила дека ќе забрани влез за посетители од покраината Хубеј чиј најголем град е Вухан. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг