На сопругот му испратила секси голи фотографии, но кога дознал како настанале едноставно “полудел“

Точка

29/01/2020

22:25

16.322

Големина на фонт

а а а

Мажите обожуваат кога нивната поубава половина ќе им испрати некоја провокативна фотографија. Па така некоја жена сакала да го изненади својот сопруг, но на крајот тој не бил воодушевен.

Тој објаснил дека бил возбуден кога неговата сопруга му кажала дека има некакво изненадување за него па му подарила албум со фотографии. Кога го отворил, сфатил дека во него има голи фотографии, а признал дека неговата сопруга на нив изгледала феноменално.

Сепак, како што изјавил мажот тој бил среќен сè до моментот кога ја прашал неговата сопруга кој ја фотографирал.


Дознал дека станувало збор за маж фотограф што го разлутило затоа што таа гола позирала пред непознат маж, а не разговарала со него во врска со тоа.

Ѝ рекол дека требала да зборува со него и дека не сака да им позира на други мажи, а таа изреагирала бурно затоа што сакала само пријатно да го изненади својот сопруг.


Оваа своја приказна мажот ја споделил на „Редит“ па реакциите биле поделени:

„Сопругата те изненадила со секси голи фотографии, а ти размислуваш за тоа кој ја фотографирал?“, „Позирала за тебе, а не за него. Претпоставувам дека станува збор за професионален фотограф и дека меѓу нив имало само професионална интеракција. Се обидела да направи нешто убаво за тебе“.

Сепак имало и онакви кои коментирале дека жената не смеела да позира гола пред друг маж и тоа непознат. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг