Кога Џејви Лазаро Бадиле бил дете, тој бил посвоен од страна на прилично сиромашен пар од Филипини. Немал богато детство, но бил благодарен што имал љубов бидејќи тие му дале прилика да живее среќен живот.
Кога пораснал, Лазаро постојано учел и напорно работел, по што станал успешен бизнисмен. Поради тоа одлучил на своите родители да им обезбеди сè што им е потребно.
Тој на своите родители неодамна им ја купил куќата од соништата, а својата животна приказна ја споделил на Фејсбук.
“Кога ме посвоија, животот не беше лесен. Мајка ми е продавачка, а татко ми е портир. Сега кога ми се пружи шанса да им се оддолжам, ќе се погрижам да го живеат својот сон подобро отколку што можат да замислат”.
Во својата објава на Фејсбук, Џејви споделил “пред” и “потоа” фотографии. Кога парот го посвоил, тие живееле во мала, трошна куќа. Внатре се наоѓала мала кујна од која се излегувало на главната улица. Во спалната соба имале само еден душек, едно купатило, пренатрупана дневна соба и прилично мал трпезариски простор.
Откако Лазаро собрал доволно пари, тој им изградил луксузен дом со 7 спални соби и сите погодности кои можат да му затребаат на едно семејство.
“Имав само три месеци кога тие ме посвоија и ми дадоа сè. Немавме лесен живот, за време на студентските денови морав да работам напорни физички работи. Бевме среќни ако имавме доволно храна за 2 оброци дневно, сепак никогаш не нѝ недостастуваше љубов. Живеевме во шупа со големина од само 21 квадрат”, вели Џејви.
Но, тоа не е сè – освен што им ја изградил куќата од соништата, Лазаро ги води своите родители и на одмори ширум светот и со тоа им покажува колку им е благодарен за сè. Тоа вклучува и купување на луксузни подароци и брендирана облека.