Најк ја повлече од продажба опремата со потпис на Коби Брајант?

Супермен

28/01/2020

18:56

3.392

Големина на фонт

а а а

Компанијата Најк ги повлекла од онлајн продажба сите производи со името на Коби Брајант.

Најк ја донел одлуката да ги повлече производите со името на кошаркарската легенда за да ги спречи препродавачите да купат голем број такви производи и подоцна да ги продадат по поголема цена, пишува “ESPN”. 

Опремата со потпис на Коби Брајант е една од најпродаваните брендови на Најк, особено кошаркарските патики кои според податоците на “ESPN” оваа сезона ги носеа повеќе од 100 НБА кошаркари. Компанијата повторно ќе разгледа на кој начин ќе ја пласира идната опрема.


При пребарување на сајтот на Најк, кога ќе се внесе зборот “Kobe” дава само брендирана подарок-картичка од Лејкерс, иако Најк инсистира на тоа дека не ги повлекол производите со потпис на кошаркарот.

“Производите не се повлечени”, изјавил бизнис портпаролот на Најк, карактеризирајќи ги наводите како “неточни” дека компанијата го направила тоа.

“Најк не ги повлече намерно производите со името на Коби. Тие производи не се прикажуваат на онлајн продавницата бидејќи се распродадени”, напишал на Твитер бизнис аналитичарот Дарен Ровел.

Според извори на “ESPN”, Најк планира лансирање на нова серија патики со потпис на Брајант на 7-ми февруари, но засега размислува дали да ја одложи истата. Новата серија би требало да биде составена од патики во бела, црна и златна боја кои потсетуваат на оние кои Брајант ги носеше во финалната серија во 2010, кога го освои својот петти и последен шампионски прстен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk