„Домот е олицетворение на сопственикот“: Вдовицата на Дино Дворник го покажа својот дом

Точка

28/01/2020

19:15

3.712

Големина на фонт

а а а

Вдовицата на Дино Дворник, Данијела Дворник на својот Инстаграм профил објавила фотографии од својот дом.

Во описот на фотографиите таа додала дека куќата не е само структура туку дека таа е и чувство како и тоа дека ужива во декорацијата на својот дом во кој што живее. Во таа куќа исто така живеел и нејзиниот свекор, актерот Борис Дворник.

„Куќата не е само структура, куќата е чувство. Куќата е олицетворение и слика на сопственикот. Куќите може да бидат големи, но и ладни и здодевни, но вистински предизвик е од нешто мало да направите нешто големо и пријатно. Уживам во креирање на оваа мала куќа, не е уште сè готово, сега следат “козметичките“ зафати и корекции“ - вели Дворник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг