Пливал под антарктичкиот мраз: „Мислев дека ми дојде крајот“

Точка

28/01/2020

18:41

3.243

Големина на фонт

а а а

Луис Пју од Плимут пливал под антарктичкиот мраз. Се прашувате зошто? Станува збор за амбасадорот на ОН за животна средина кој сака да ја демонстрира брзата промена на мразот и во океаните предизвикана од климатските промени.

Пливањето на Луис во водата чија температура била само неколку степени над нулата траело 10-на минути. Тој на себе имал само долен дел од костим за капење, очила и капа. Како што изјавил тој, насекаде можел да ја види водата која што се топи.

Пју пливал по извештајот кој укажувал дека температурата на океаните го достигнала својот историски максимум.

Храбриот пливач на Фејсбук напишал дека пливањето под антарктичкиот мраз било едно од најубавите, но и најстрашните искуства кои некогаш ги имал.

„Сите нијанси на сина и речиси целосен мрак. На половина пат слушнав “пукање“ над мене и мислев дека ми дојде крајот. За среќа тоа беше само поместување на мразот“ - напишал Пју.

Како што изјавил тој, пливал за да пренесе порака: „Присуствував на брзото топење во ова подрачје. Нема сомнеж, се соочуваме со алармантна ситуација“.

Тој исто така ги прозвал светските лидери да преземат нешто затоа што, како што истакнал, времето поминува.

Пју е амбасадор на ОН за животна средина. Повеќе од три децении плива со делфини и пингвини и ја мери температурата на морето од Антарктикот до Арктикот.

„Моја одговорност е да го кренам гласот на океанот, за неверојатен живот во океанот, пингвините, делфините, но и за децата. Мојата порака е - тоа што се случува во океаните ќе има влијание на секоја една личност на планетава“ - изјавил Пју.

Истакнал и дека во текот на своето 30-годишно пливачко искуство видел дека океаните се менуваат, а на тоа влијаат климатските промени, премногу риболов и секако загадувањето. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг