Лицата со оваа крвна група имаат најмали шанси за срцев удар: Тие се најчувствителни на стрес, но ова ги штити

Точка

28/01/2020

17:06

3.618

Големина на фонт

а а а

Истражувачите од универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија ги споредиле податоците на повеќе од 1,3 милиони луѓе, при што дошле до сознание дека ризикот од кардиоваксуларни проблеми кај крвните групи А, Б или АБ е за 9 отсто поголем отколку кај лицата со крвна група 0.

Експертите сметаат дека овие лица имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да доведе до запушување на вените, а тоа е една од главните причини за срцев удар. Исто така, лицата со крвна група А, Б или АБ почесто имаат повисоко ниво на холестерол како и зголемена појава на воспалителни процеси. 

“Во иднина, крвната група би требало да биде земена предвид како ризик во текот на превенција од кардиоваскуларни болести, исто како што се земаат предвид нивото на холестерол, годините, полот и крвниот притисок. Потребни се повеќе истражувања за да ја идентификуваме причината за зголемениот ризик кај лицата со А, АБ и Б крвна група”, објаснила Теса Кол, лидер на истражувањето.


Инаку, лицата со крвна група 0 се двојно почеста мета на комарци, тврдат истражувачи од Јапонија. Но, и покрај тоа, лицата со оваа крвна група имаат најмали шанси да заболат од најсмртоносниот облик на маларија – болест која ја пренесуваат токму комарците.

Исто така, поединци кои ѝ припаѓаат на оваа крвна група се најчувствителни на стрес, велат од Американската служба за воени ветерани. Тоа го објасниле со податокот дека нивото на кортизол (хормон на стрес) е повисоко кај луѓето со крвна група 0 отколку кај останатите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг