Државни пари за лица кои навиваат против државата: Балистите од Тетово ќе го поддржат Косово, а не Македонија

Точка

28/01/2020

16:05

3.842

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација на 26-ти март во Скопје ќе се судри со репрезентацијата на Косово во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Речиси сите македонски навивачки групи, сосема очекувано, се обединија и заедно ќе им дадат поддршка на македонските репрезентативци во обидот да направат историски подвиг, но меѓу нив нема да бидат навивачите на Шкендија, таканаречените „Балисти“.

„Балистите“ не само што нема да ја поддржат Македонија, земјата во која што живеат и земја од чие Министерство за култура добиваа пари за самопромоција, туку ќе застанат на страната на спротивниот табор.

Имено, навивачката група „Балисти“ од Тетово се здружи со косовската навивачка група позната како „Дардани“ и заедно ќе навиваат за репрезентацијата на Косово. Додека за косоварите е сосема логично да ја поддржат својата репрезентација, навивачите на Шкендија ќе навиваат против репрезентацијата на својата земја, за која пак настапуваат етнички Албанци, меѓу кои и актуелни и поранешни фудбалери на Шкендија како Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Марјан Радески.



Спонзорирани линкови

Маркетинг