Факти кои не сте ги знаеле за доделувањето на Оскарите: По 29 години, Џо Пеши и Ал Пачино се номинирани во иста категорија

Точка

28/01/2020

15:23

3.061

Големина на фонт

а а а

Се наближува 92-то доделување на престижните Оскари кое е закажано за 9-ти февруари во театарот “Долби” во Лос Анџелес.

За таа цел одлучивме да ви претставиме неколку интересни факти, поврзани со овој настан. 

1. До 1941 година весниците ги објавувале победниците пред самата церемонија.

2. “Moonlight” во 2017 година стана првиот филм кој освоил Оскар со актерска постава составена исклучиво од Афроамериканци.


3. “All About Eve”, “Titanic” и “La La Land” се филмови со најмногу номинации во историјата на Оскарите – сите три филма бројат по 14 номинации.

4. Картите за првото доделување на Оскарите изнесувале 5 долари.

5. Првиот нем филм кој освоил Оскар за најдобар филм е “Wings” од 1929 година.

6. Волт Дизни го држи рекордот за најмногу награди – дури 26.


7. Актерката Мерил Стрип е номинирана дури 21 пат, додека од актерите рекордот го држи Џек Николсон кој е 12 пати номиниран за оваа престижна награда.

8. Кетрин Хепберн е рекордерка со 4 Оскари за најдобра актерка (1934, 1968, 1969 и 1982).

9. Најмладата добитничка на Оскар е Тејтум О’Нил која во 1974 година добила награда за најдобра споредна улога во филмот “Paper Moon”. Тетјум тогаш имала само 10 години.

10. Најстариот актер кој добил Оскар е 82-годишниот Кристофер Палмер. Тој ја доби познатата статуетка во 2012 година во категоријата за најдобар спореден актер во филмот “Beginners”.


11. Филмот “Titanic” на режисерот Џејмс Камерон, во 1998 година бил номиниран во 14 категории, а освоил 11 Оскари.

12. Најкраткиот говор некогаш на доделувањето на Оскарите го одржал актерот Џо Пеши кога добил Оскар за филмот “Goodfellas” во 1991 година. Говорот траел само 3 секунди.

13. Филмот “The Lord of the Rings: The Return of the King” бележи најголем успех во историјата на доделувањето на Оскарите, кога во 2003 година победи во сите категории во кои беше номиниран.

14. Пред точно 29 години, Ал Пачино и Џо Пеши биле номинирани во иста категорија како и оваа година, а победата ја однесе Џо Пеши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг