„Сакаше да умре млад и да стане бесмртен“: Трејси открива емотивни детали од пријателството со Коби

Точка

28/01/2020

14:12

2.027

Големина на фонт

а а а

Поранешната голема НБА ѕвезда, Трејси Мекгрејди, воедно и голем пријател на Коби Брајант кој во неделата почина во хеликоптерска несреќа, се присетил на својот долгогодишен пријател во емисијата „Jump“.

Мекрејди бил видно потресен, а открил и како Брајант во една прилика му кажал дека “сака да умре млад и да стане бесмртен“.

„Ова звучи луди, но тоа го кажа Коби. Секогаш зборуваше: „Сакам да умрам млад. Сакам да станам бесмртен. Сакам мојата кариера да биде подобра од Џордан и сакам да умрам млад“. Мислев дека е луд. Играв со мојата ќерка завчера кога ја слушнав трагичната вест и не можев да верувам. Скршен сум“ - рекол Мекгрејди и додал:

„Таа негова изјава ја кажа пред да стане татко и верувам дека никогаш потоа не размислувал така“ - заклучил тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг