Скандал на социјалните мрежи: Германски "Spiegel" ослободувањето на Аушвиц го припишал на американката војска

Точка

28/01/2020

13:04

1.828

Големина на фонт

а а а

Угледниот германски неделник им се извинил на своите корисници.

Германскиот весник "Spiegel" "по грешка" на социјалните мрежи објавил дека американската војска го ослободила концентрациониот логор Аушвиц. 

На постот кој "Spiegel" го објавил, "Аушвиц" бил најголемиот логор на смртта на нацистите кој пред 75 години го ослободила американската војска.

Постот им го привлекол вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

После тоа, неделникот се извинил поради "многу непријатната грешка", нагласувајќи дека критиките на својата адреса ги сфаќа како "праведна казна".

"Spiegel" го поправил својот пост, укажувајќи на тоа дека логорот го ослободила Црвената армија.

Аушвиц на 27-ми јануари 1945-та година го ослободиле трупите на Црвенат армија. Се проценува дека во текот на Втората светска војна во логорот бил убиени од 1 до 4 милиони заробеници. Околу 1,4 милиони луѓе, од кои околу 1,1 милион Евраи, биле убиен во Аушвиц од 1941-ва до 1945-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг